Достапни линкови

logo-print

Ребалансот се турка за да се избегне опозицијата


Носењето на закони без опозицијата портпаролот на СДСМ го нарече авторитарно. Пратеникот Павле Трајанов пак вели дека ребалансот се турка оти е подготовка за избори, а опозицијата ќе се обидела тоа да го спречи.

Власта без опозицијата повторно на своја рака го турка ребалансот на буџетот. Во Собранието, кое почнува со работа по одморот, на дневен ред освен ребалансот се и осумдесетина закони, но на седницата нема да биде опозицијата која официјално треба да се врати за една недела.

Очигледно е дека власта не може да се соочи со фактите кои ги поседува опозицијата, особено за ребалансот и не може да се помират со нашето враќање во парламентот иако цело време јавно зборуваат дека местото за дебата е Парламентот.

На неотстапување од постапката Собранието се одлучило затоа што ребалансот бил во завршна фаза, но од СДСМ велат дека нема демократија без опозиција.

„Очигледно е дека власта не може да се соочи со фактите кои ги поседува опозицијата, особено за ребалансот и не може да се помират со нашето враќање во парламентот иако цело време јавно зборуваат дека местото за дебата е Парламентот. Соочени со сопствениот страв од враќањето на опозицијата брзаат да ги протуркаат“, вели портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Носењето на закони и без опозицијата портпаролот Шилегов го нарече авторитарно, но тој верува дека нивното враќање во Парламентот ќе допринесе за целосно разобличување на власта.

Претпоставувам дека опозицијата ќе се обиде да ги блокира тие процеси и тоа е целата идеја, да се донесе буџетот со зголемени расходи, непродуктивни расходи и да не може на друг начин да биде развлечено носењето на ребалансот.

Талат Џафери од ДУИ острата реакцијата на СДСМ за носењето на ребалансот и законите ја оцени како непотребна. Потсетувајќи дека ребалансот ги поминал двете фази уште пред одморите, Џафери смета дека за жал и да биде присутна опозицијата ништо не може да се промени во суштината.

„Затоа што три дена трае дискусијата и не менува ништо во контекст на измени на ребалансот.“

Пратеникот Павле Трајанов кој е во коалиција со владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ меѓутоа оценува дека ребалансот во дел на социјалната компонента личи на подготовка за наредните избори во март и дека Собранието од тие причини се одлучило да биде на дневен ред без опозицијата.

„Претпоставувам дека опозицијата ќе се обиде да ги блокира тие процеси и тоа е целата идеја, да се донесе буџетот со зголемени расходи, непродуктивни расходи и да не може на друг начин да биде развлечено носењето на ребалансот.“

Претходно дел од експертите изнесоа критики дека ребалансот на буџетот на Македонија е нелогичен и дека тој е така поставен за предизборни цели. Министерот Зоран Ставревски кажа дека буџетските приходи од сите извори пораснале за 14 проценти, но дел од забелешките се однесува на тоа дека во услови на опаѓачка тенденција на економијата да се предвидуваат растечки приходи во фискалниот буџет е малку нетипично.

Инаку во врска со осумдесетината други закони кои се на дневен ред во Собранието, Џафери вели дека тоа се закони кои во најголем дел произлегуваат од Законот за прекршоци со кои се намалуваат казните.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG