Достапни линкови

Голема полициска акција во Истанбул


Припадници на антитерористичката полиција во Истанбул изутрината спровеле голема операција во квартовите во кои се наоѓаат седиштата на неколку групи на екстремната левица. До ова дојде откако вчера беше отворен оган врз премиерската палата во центарот на Истанбул. Новинските агенции јавуваат дека во рацијата чија цел биле членовите на Народниот ослободителен револуционерен фронт кој ја презеде одговорноста за вчерашниот напад, биле уапсени неколкумина осомничени. Во нападот немаше повредени, а две вооружени лица беа уапсени под сомневање дека го извршиле.

XS
SM
MD
LG