Достапни линкови

Путин: боксерот Рој Џонс може да добие руско државјанство


Американскиот боксерски шампион Рој Џонс Јуниор побара од Владимир Путин руско државјанство што веднаш беше одобрено од рускиот претседател. 46 годишниот боксер кој е славен поради тоа што стана светски првак во четири различни боксерски категории се сретна со Путин во Севастопол на Крим. Џонс кој исто така се занимава со пеење и глума престојува на Крим за да учествува на боксерска претстава на 23 овој месец. Тој изрази надеж дека спортот може да изгради мост меѓу Соединетите држави и Русија.

XS
SM
MD
LG