Достапни линкови

НАТО ја предупреди Русија да не се шири во Украина


НАТО ја предупреди Москва дека е неприфатлив секој обид на проруските сепаратисти за преземање на територии во источна Украина. Во соопштението се повикуваат сите страни на смирување и воздржаност: „Русија има посебна одговорност за изнаоѓање мировно решение“, изјави портпаролот на НАТО Кармен Ромеро по состанокот на политичкиот комитет на 28 членки на Алијансата. Во источна Украина која е под контрола на проруските бунтовници и каде што од април минатата година досега загинаа околу 6 ипол илјади луѓе, секојдневно доаѓа до кршење на примирјето договорено пред неколку месеци.

XS
SM
MD
LG