Достапни линкови

Еврозоната ја одобри првата транша за Грција


Земјите на еврозоната синоќа одобрија на Грција да и биде исплатена првата транша од 23 милијарди евра од новиот, трет меѓународен пакет финансиска помош. Со тоа и е овозможено на Грција денеска да и исплати околу 3 ипол милијарди евра долг на Европската централна банка. Управниот совет на Европскиот механизам за стабилност, кои го сочинуваат министрите за финансии на 19 земји од еврозоната, ја одобри програмата за Грција во вредност од 86 милијарди евра помош во наредните три години. Оваа одлука беше донесена неколку часа откако германскиот парламент го ратификува новиот пакет за Грција. „Грчките власти имаат можност да ја обноват финансиската стабилност. Она што ќе се оценува на крајот е спроведувањето на реформите“, изјави еврокомесарот Валдис Домбровскис.

XS
SM
MD
LG