Достапни линкови

Експлозија на автомобил бомба во Каиро, неколку ранети


Најмалку шест луѓе биле ранети во денешната експлозија на автомобил бомба во близина на судот во едно предградие на египетскиот главен град Каиро. Експлозијата, според новинските агенции кои се повикуваат на изјави на сведоци, се слушнала во неколку каирски квартови. За ваквите акции досега одговорноста ја преземаа милитантите од Синај кои ја поддржуваат терористичката група Исламска држава. Стотици полицајци и војници се убиени откако во 2013 година исламскиот претседател Мохамед Мурси со воен пуч беше соборен од власт.

XS
SM
MD
LG