Достапни линкови

Времето денеска: сончево со умерена облачност


Во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе дува умерен северен ветер кој долж Повардарјето повремено ќе засилува, а ќе има и појава на дожд и грмежи, особено во источните делови од земјата. Утринската температура ќе се движи од 11 до 18, а дневната од 24 до 30 степени. Во Скопје слично време, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне нестабилно со појава на пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 29 степени.

XS
SM
MD
LG