Достапни линкови

logo-print

Можна средба меѓу Путин и Обама во ОН


Русија соопшти дека претседателот Владимир Путин следниот месец ќе присуствува на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк и ќе ја разгледа можноста за средба со американскиот претседател Барак Обама. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, денеска изјави дека Путин „позитивно“ ќе го разгледа барањето за средба на Вашингтон. Односите меѓу Русија и САД се на ниско ниво, како во времето на Студената војна, поради руското анектирање на Крим и мешањето во конфликтот во источна Украина. Москва негира дека ги вооружува сепаратистите кои се борат против украинските трупи или пак дека има руски трупи во Укрина, и покрај големиот број докази. Повеќе од 4600 луѓе загинаа во конфликтот во источна Украина, кој трае 16 месеци.

XS
SM
MD
LG