Достапни линкови

3,2 милиони евра помош од ЕУ за Србија за прифаќање на мигрантите


Европската унија во следните шест месеци до една година ќе и помогне на Србија околу прифаќањето на мигрантите, за што ќе одвои 3,2 милиони евра, изјави денеска заменик шефот на делегацијата на ЕУ во Белград, Оскар Бенедикт. „ЕУ уште денеска во Брисел го направи првиот чекор, издвојувајќи 150.000 евра за набавка на храна и хигиенски средства во прифатниот центар, во кој можат да се сместат околу 70.000 мигранти кои се очекуваат да пристигнат во следните три месеци“, истакна Бенедикт по посетата на Прифатниот центар за мигранти во Прешево. Според него, ЕУ заедно со Меѓународната организација за мигранти и УНХЦР подготвуваат и проект вреден осум милиони евра, кој ќе биде наменет за Србија и Македонија во врска со мигрантите.

XS
SM
MD
LG