Достапни линкови

Ердоган: Турција се движи кон нови избори


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека земјата брзо се движи кон одржување на вонредни избори, бидејќи обидите да се формира влада беа неуспешни. „Повторно одиме кон избори, истакна Ердоган во телевизиско обраќање, додавајќи дека „единствено решение за излез од политичкиот застој е вртење кон волјата на народот“. Тој денеска ќе го консултира Парламентот за формирање на владата. Партијата на правдата и развојот на изборите кои се одржаа на 7 јуни првпат од 2002 година го губи мнозинството, поради што беше принудена да бара коалициски партнер за состав на влада.

XS
SM
MD
LG