Достапни линкови

Две лица пукале пред зградата на премиерот на Турција


Во извештаите од Турција се вели дека две вооружени лица денеска се притворени, откако испукале неколку куршуми на полицијата која ја обезбедувала палатата Долмабахче во која е сместена канцеларијата на премиерот. Турските медиуми соопштуваат дека на местото на настанот дошле амбулантни коли и дека патиштата биле затворени. Но, нема информации за евентуални жртви. Инцидентот се случува во време на ескалација на ансилствата меѓу турските безбедносни сили и курдските бунтовници.

XS
SM
MD
LG