Достапни линкови

Руската рубља повторно погодена од падот на цените на нафтата


Националните влаути на Русија и Казахстан денеска повторно се погодени од глобалниот пад на цената на нафтата. Потресот на девизниот пазар на поранешните советски републики дојде откако цената на суровата нафта падна за 11 центи, односно на 48.70 дорар за барел. Казахстанската валута ја достигна најниската точка од февруари на 198 тенги за еден долар. Претседателот Нурсултан Назарбаев на владин состанок во Астана рече дека казахстанските економски политики мора да бидат „ориенртирани кон новата реалност и да бидат подготвени за цени на нафтата од 30 до 40 долари за барел. Во Русија, рубљата денеска продолжи да паѓа на најниската вредност во шест месеци, односно на 66 рубљи за еден долар.

XS
SM
MD
LG