Достапни линкови

Продолжи судењето на новинарката Исмаилова


Судот во Баку денеска го продолжи судењето на истражувачката новинарка Хадиџа Исмаилова. И овој пат на новинарите не им беше дозволено да го проследат сослушувањето. Неколку новинари носеа зелени и црвени балони наполнети со хелиум, како боите на азербејџанското знаме, закачени на фотографија на Исмаилова и ги пуштија да летаат во близина на Градскиот кривичен суд во Bаку, каде се одржа судењето. Поддржувачите на Исмаилова извикуваа: „Слобода за Хадиџа!“ 39-годишната Исмаилова, која е дописник за Радио Слободна Европа и наградувана новинарка за текстови за корупција, е обвинета за затајување данок, проневера на пари и злоупотреба на службена положба. Групите за човекови права и западните влади случајот го оценија како политички мотивиран.

XS
SM
MD
LG