Достапни линкови

logo-print

Кумановци летово го минаа без културни настани


Во Куманово летово недостасуваат културни настани, се жалат граѓаните. Надлежните со оправдание дека недостасуваат финансии за истите.

Куманово летово го минува без културни настани, иако граѓаните се уште го сметаат за град на културата. Некои од нив забележуваат дека се лути на локалната самоуправа која ги остави како во хибернација, оти дури за претстојниот викенд две вечери ќе се одржи Тамбурашкиот фестивал, а потоа ќе го чекаат октомври кога традиционално се одржува театарскиот фестивал Денови на комедијата. Заспиеноста на надлежните е со оправдание дека недостасуваат финансии, со што граѓаните кои безмалку цело лето се соочуваа со проблемот на водоснабдувањето, не прифаќаат дека парите се главната причина.

Многу сум лута на градот. Нема ништо. Ни недостасува забава, концерти, Куманово најмалку има забава. Мислам дека нема памет. Мислам дека Општината има пари и би требало да има забава и за младите и за нас повозрасните.

„Многу сум лута на градот. Нема ништо. Ни недостасува забава, концерти, Куманово најмалку има забава. Мислам дека нема памет. Мислам дека Општината има пари и би требало да има забава и за младите и за нас повозрасните.“

РСЕ: Знаете дека за викендот ќе има Тамбурашки фестивал?

„Да, видов. Минатата година „Фрајли“ беа полн погодок. Сега Мирослав Шкоро. Треба повеќе забава, помлади пејачи, групи.“

„Немаше ништо.“

„Куманово град на културата, а вистина немаше ништо.“

РСЕ: Од што зависи тоа?

„Од главните, па гледаш дека и вода нема. Не знам.“

РСЕ: Што би сакале да има?

„Концерти, тие недостасуваат, би требало да има.“

Петок и сабота на Градскиот плоштад голем број кумановци „жедни“ и „желни“ да си ја наполнат душата, да заборават на секојдневните проблеми ќе се соберат на Градскиот плоштад да ги послушаат тамбурашите од Куманово, младите домашни пејачи Мартијан Кириловски и Ивона Јовановиќ, од Хрватска Мирослав Шкоро и еден бенд од Србија. А во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, во соработка на Музејот и Општината десетина денови академски сликари од земјава и од поранешните југословенски републики, во рамките на традиционалната Ликовна колонија, една од првите во државава, ќе творат уметнички дела. Се чини тоа е се, до октомври кога се очекуваат повеќе културни настани.

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG