Достапни линкови

За бранителите е несфатливо зошто државата не води грижа за нивниот социјален статус. Според анализите на „Здружението на резервни воени обврзници, учесници во настаните од 2001/2002г.“, едвај 25 отсто од евидентираните 1.200 членови, имаат работа.

Прилепските бранители се жалат дека и 14 години по воениот конфликт, државата не ги решила нивните социјални барања. Најголем дел од нив се невработени и се соочуваат со сериозни социјални проблеми. Велат добро е, што барем се решени сите проблеми на семејствата на 10-те мина загинати кај Карпалак, кобното утро на 8-ми август 2001-ва година. И тука всушност завршува ангажманот на државата, како што тврдат.

И по 14 години, се уште се бориме за остварување на нашите права, дел се остварени, дел се надеваме дека ќе се остварат. Имаме повеќе барања, од кои побитни се: бесплатно здравство, вработувања, признавања на статусот борци и некои други, кои се потребни за остварување на нашите права.

„И по 14 години, се уште се бориме за остварување на нашите права, дел се остварени, дел се надеваме дека ќе се остварат. Имаме повеќе барања, од кои побитни се: бесплатно здравство, вработувања, признавања на статусот борци и некои други, кои се потребни за остварување на нашите права“, вели бранителот, Игор Петрески, од здружението „Карпалак“ од Прилеп.

" from Prilep.

" from Prilep.

Бранителите од резервниот состав на АРМ велат дека доколку имаше расположение досега сигурно преку разни проекти и со заложби и на АРМ и преку Министерството за одбрана, ќе се решеше проблемот со невработеноста. А, само според анализите на „Здружението на резервни воени обврзници, учесници во настаните од 2001/2002г.“, едвај 25 отсто од евидентираните 1.200 членови, имаат работа. И тоа како што велат во приватни, а мал дел и во јавни фирми во градот, каде се малтретирани и понижувани за минимални суми.

Во Министерството за одбрана се вработени, според нашите неофицијални сознанија, голем број припадници на ОНА и УЧК, во однос на нив, ниту еден бранител, ниту еден бранител не е вработен во Министерството.

„Во Министерството за одбрана се вработени, според нашите неофицијални сознанија, голем број припадници на ОНА и УЧК, во однос на нив,ниту еден бранител, ниту еден бранител не е вработен во Министерството. Ние имаме бранители кои сега имаат по 40-ина години, кои можеа да бидат опфатени во активната резерва, во гранична полиција, шумска полиција, за жал останаа на улица“, вели Јордан Трајкоски, бранител од Здружението на учесниците во настаните од 2001 и 2002 година.

За бранителите е несфатливо како може, државата да не води грижа за нивниот социјален статус.

„Покрај сите привилегии коишто ги нуди Владата за вработување, за самовработување, имаат сите привилегија, освен бранителите. Во ниту еден конкурс или оглас децидно не е речено, дека привилегија ќе имаат бранителите од 2001 година. Тоа е жално, тоа е катастрофално,нешто незамислено во една демократска, наводно демократска држава“, додава Трајкоски.

Прилепските бранители и натаму бараат, бесплатно и целосно здравствено згрижување и за нив и за нивните семејства, кои беа како што велат континуирано изложени на продолежен стрес за време на воените настани пред 14 години. Бараат времето поминато на браникот на слободата, да им биде, бенефициран стаж внесен во пензијата, ако успеат воопшто да го остварат тоа право. Бараат поволности при образованието на нивните деца, намалена партиципација и други предности.

Бидејќи континуирано се соочуваат со финансиски проблеми, поради кои се доведува во прашање и работата на здруженијата, бараат за сите здруженија на бранителите во државата, да се обезбедат средства од државниот буџет, кои ќе овозможат нивна непречена работа.

  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG