Достапни линкови

Во Кина уапсени 15 илјади луѓе за сајбер криминал


Кинеската полиција уапсила 15 илјади луѓе под сомневање дека извршиле сајбер криминал како резултат од строгите мерки на владата за контрола врз интернетот, соопшти кинеското Министерство за јавна безбедност. Се наведува дека операцијата била насочена кон осомничени за хакирање на интернет страници на компании, банки и владини агенции. Пекинг на интернетот гледа како на виртуелна територија во која мора да владеат закони и прописи.

XS
SM
MD
LG