Достапни линкови

Путин во археолошка мисија на дното на Црно море


Рускиот претседател Владимир Путин ја искористи посетата на Крим да им се приклучи на експертите во истражувачката подморница на Црно море. Притоа тој ги разгледал остатоците од еден византиски брод кој во 11 век потонал во близина на Севастопол. „Ова нуркање би требало да ги мотивира луѓето да се заинтересираат за историјата. Руската државотворност почна да се обликува токму околу 10 и 11 век и да гради врски со Византиското царство“, рече Путин. Тој во 2009 година со мала подморница нуркаше во најдлабокото езеро на светот, Бајкалското.

XS
SM
MD
LG