Достапни линкови

logo-print

Грција продаде 14 регионални аеродроми


Во грчкиот Службен весник денеска е објавен договорот за продажба на 14 регионални аеродроми на германскиот оператор Фрапорт – Слентел, за 12, 3 милијарди евра. Ова е прва приватизација спроведена од страна на Владата на Сириза, и е дел од договорот со меѓународните кредитори кој беше ратификуван од грчкиот Парламент на 14 август. Фрапорт – Слентел е германско-грчки конзорциум во кој се споени германскиот оператор Фрапорт и грчката компанија Слентел од конзорциумот Копелузос. Со приватизацијата се опфатени аеродроми во Солун, на Крф, Крит, Кефалонија, Закинтос, Родос, Кос, Лезбос, Миконос, Санторини, Скијатос, Кос, Самос и Кавала.

XS
SM
MD
LG