Достапни линкови

За една недела во Грција пристигнале над 20.000 илегални имигранти


За една недела во Грција пристигнале 20.843 илегални имигранти, соопшти Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите Нации (УНХЦР), Зијад Раад ал Хусеин. Според него оваа бројка е половина од вкупниот број бегалци, кои пристигнале во Грција по морски пат во цела 2014 година, и продолжува да се зголемува. Податоците на УНХЦР покажуваат дека од почетокот на годинава во Грција преку Средоземно Море пристигнале околу 124.000 бегалци и имигранти. Во споредба со истиот период минатата година растот достигнал над 750 отсто. Само во јули во земјата по морски пат пристигнале 50.000 лица, што е за 20 проценти повеќе во споредба со јуни. Главно станува збор за имигранти од Сирија, Авганистан и Ирак.

XS
SM
MD
LG