Достапни линкови

Воени вежби на Заедницата на независни држави


Руското министерство за одбрана соопшти дека првата фаза од заедничката воздушна одбрамбена вежба на Заедницата на независни држави ќе почне на 18 август. Од министерството велат дека трупи од 20 единици за воздушна одбрана во московскиот регион биле ставени во состојба на готовност за воените вежби на Заедницата, за кои е предвидено да траат до 11 септември. Во соопштението се вели дека во вежбата ќе бидат вклучени 1000 воени лица, земја-воздух одбрамбени противракетни системи, борбени авиони и хеликоптери, авиони за блиска воздушна поддршка на копнени напади и воени транспортни авиони. Министерството соопштува дека откако ќе заврши прваѕа фаза од вежбите, трупите и воената опрема ќе бидат прераспоредени во полигонот за обука Ашулук во рускиот јужнен регион Астрахан. Ашулук се наоѓа на околу 500 километри од руската граница со источна Украина.

XS
SM
MD
LG