Достапни линкови

Незири: енергетска криза нема, но можни се проблеми


Министерот за економија, Беким Незири.

Министерот за економија, Беким Незири.

Во Македонија нема енергетска криза, но ќе имаме реални проблеми доколку продолжи блокадата на сметката на АД Макпетрол. Не сакам да ги коментирам процедурите што ги спроведуваат судовите, но како министер за економија ќе застанам во заштита на компаниите, а секако нема да го поддржам и незаконското работење. Ова го истакна министерот за економија Беким Незири по средбата со претставници на компаниите кои имаат лиценца за трговија со нафта и нафтени деривати и природен гас. „Нема да ги коментирам судските одлуки, но секоја власт, вклучувајќи ја и судската, треба да биде многу внимателна кога носи одлуки кои предизвикуваат последици за економијата, индустријата и граѓаните, рече Незири. Тој посочи дека на средбата од компаниите добил уверување дека граѓаните нема да имаат проблеми во снабдувањето со нафтените деривати и додаде дека прават напори и индустријата да нема проблеми со снабдувањето со гас.

XS
SM
MD
LG