Достапни линкови

Црвениот крст во Дебар – носител на хуманитарните активности


Архивска фотографија - Млади волонтери во општинската организација на Црвениот крст во Дебар.
Архивска фотографија - Млади волонтери во општинската организација на Црвениот крст во Дебар.

Оваа организација организира крводарителски акции, се грижат за старите и изнемоштени лица, за социјалните случаи.

Општината организација на Црвениот Крст е основен носител на хуманитарните активности во Дебар и поширокиот регион. Речиси сите главни активности се организираат од оваа организација, а проектите во основа се насочени кон оспособување на младите - тие да го разберат големото значење на хуманоста. Овие активности овозможија Дебар да биде меѓу општините со најголем број крводарители во земјава, каде што последните години редовно се надминува планот за крводарување.

Општинската организација на Црвениот крст во Дебар последните години има мошне добри резултати во сферата на доброволното дарување на крв.
Исни Телкиу, секретар на општинската организација на Црвениот крст во Дебар.

„Општинската организација на Црвениот крст во Дебар последните години има мошне добри резултати во сферата на доброволното дарување на крв. Тоа се должи на добар дел од младите кои веќе сфатија кое е големото значење на крводарувањето со што се спасува еден човечки живот. Во Дебар годишниот план е собирање на 744 единици крв, план кој се надминува годишно за 20 до 30 проценти“, вели секретарот на општинската организација на Црвениот крст во Дебар Исни Телкиу. Според него во оваа организација се реализираат и многу бројни проекти во сферата на хуманоста. Младите се главни носители на овие активности додава Телкиу.

„Црвениот крст во Дебар успешно работи и на спроведување на бројни хуманитарни проекти. Така моментално во соработка со компанијата ЕВН – Македонија го реализираме проектот за грижа за старите и изнемоштени лица. Групи на млади наши активисти заедно со раководството на Црвениот крст носат лекови на старите лица, потоа храна, облека и се друго што е потребно за лицата од третото доба. Но исто така се реализираат и други проекти.“

РСЕ: Имате и проекти за обезбедувањето на покрив над главата на лица со екстремни социјални проблеми?

„Да. Пред извесно време нашите активности со организирање на мини и макро проекти во соработка и со други чинители во општината опфатија и активност за решавање на станбено прашање на едно лице. Но овие активности продолжуваат и понатаму“, нагласува секретарот Телкиу.

Оваа организација со стартот на новата учебна година, во согласност со програмата за работа во 2015 година, ќе реализира повеќе предавања особено во средните училишта за штетните последици кои ги предизвикува дрогата, алкохолот и пушењето, но исто така и други предавања за значењето на хуманоста кај луѓето во едно општество.

  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG