Достапни линкови

Руси осомничени за хакирање на над 330 илјади американци


Со софистицираната компјутерска операција во Русија бил овозможен пристап до многу повеќе датотеки на американски даночни обврзници отколку што првично се претпоставувало. Ова вчера го откриле американските даночни иследници. Чувствителни даночни информации биле украдени од дополнителни 220 илјади луѓе од интернет страницата на Службата за внатрешни приходи со цел користење на украдени идентитети при лажни барања за враќање данок. Со тоа двојно се зголеми бројот на интернет жртвите. Не е соопштено колку пари биле загубени во оваа шема. Објавено е само дека во Соединетите држави во 2013 година врз основа на лажни барања за враќање данок биле исплатени скоро 6 милијарди долари.

XS
SM
MD
LG