Достапни линкови

Иранскиот нуклеарен договор може да мине во Конгресот


Мич Меконел

Мич Меконел

Американскиот претседател Барак Обама има „голема веројатност за успех“ во својата битка со републиканците во Конгресот околу нуклеарниот договор со Иран. Ова го изјави лидерот мнозинството во Сенатот, републиканецот Мич Меконел. Републиканците кои имаат мнозинство и во Претставничкиот дом се очекува да го отфрлат договорот во идниот месец. Но, претседателот најави дека ќе стави вето на ваквата одлука по што републиканците ќе треба да обезбедат две третини од гласовите за да го отфрлат неговото вето. Тоа, според сенаторот Меконел, ќе биде тешко да се постигне.

XS
SM
MD
LG