Достапни линкови

Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во Сирија


Советот за безбедност на Обединетите нации усвои резолуција со која се поддржуваат преговорите за Сирија со цел да се воспостави мир во таа земја. Според оценките, документот претставува историски настан, бидејќи за прв пат во изминативе две години Советот за безбедност бил единствен во испраќањето порака за поддршка на политичкиот процес во Сирија. Рускиот амбасадор во Обединетите нации Виталиј Чуркин изјави дека тоа е прв документ за Сирија кој бил усвоен со консензус. Русија и Кина досега ставаа вето на резолуциите за Сирија. Таму од почетокот на војната во 2011 година досега загинаа над 250 илјади луѓе.

XS
SM
MD
LG