Достапни линкови

Бан Ки Мун со осуда на насилствата во Украина


Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун ја осуди ескалацијата на насилствата во Украина каде што во изминативе денови загинаа десет луѓе, главно цивили. Москва ја обвини украинската војска дека подготвувала офанзива во источниот дел на Украина, додека Киев наведе дека проруските сепаратисти почнале да преземаат провокативни акции. Бан Ки Мун побара од двете страни да сторат се што е неопходно за да спречат натамошно ширење на насилството.

XS
SM
MD
LG