Достапни линкови

logo-print

Заврши состанокот меѓу партиите, детали не се откриваат


Заврши состанокот меѓу тимовите на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, за спроведување на договорот од Пржино за надминување на политичката криза во Македонија. По средбата претставниците на партиите не дадода изјави за медиумите. Во Клубот на пратениците околу пет часа зад затворени врати имаа состанок Никола Попоски и Никола Тодоров од владеачката ВМРО-ДПМНЕ, Цветанка Иванова и Дамјан Манчевски од опозициската СДСМ, Муса Џафери и Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА. На средбата присуствуваше и белгискиот европратеник Питер Ван Хојт. Неофицијално, партиските претставници успеале да ги доближат ставовите по прашањата поврзани со пречистувањето на избирачкиот список и со зголемувањето на надлежностите на Државната изборна комисија, а за утре била закажана средба на работната група, на која треба да се дискутира само за специјалниот обвинител.

XS
SM
MD
LG