Достапни линкови

Нема договор во Турција за формирање коалициска влада


Премиерот на Турција Ахмет Давутоглу.

Премиерот на Турција Ахмет Давутоглу.

Премиерот на Турција Ахмет Давутоглу нагласи дека не е постигнат никаков договор на сосанокот со претставници на Партијата на национално движење за формирање коалициска алијанса. Разговорите одржани денеска пропаднаа што и остава на Турција малку опции освен распишување нови избори. Владејачката Партија на правдата и развојот не успеа да освои парламентарно мнозинство на изборите на 7 јуни и тоа ја спречи да формира влада првпат од доаѓањето на власт во 2002 година. Давутоглу има рок до 23 август да пронајде малцински партнер или во спротивно претседателот на државата може да закаже вонредни избори. Коалициските преговори со главната опозициска Републиканска партија пропаднаа во минатата недела.

XS
SM
MD
LG