Достапни линкови

Пет часа разговори за спроведуавње на договорот од Пржино


Илустрација.

Илустрација.

Скоро пет часа тимовите на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА се во Клубот на пратениците каде работат на спроведување на договорот од Пржино за надминување на политичката криза во Македонија. На состанокот зад затворени врати присуствуваат Никола Попоски и Никола Тодоров од владеачката ВМРО-ДПМНЕ, Цветанка Иванова и Дамјан Манчевски од опозициската СДСМ, Муса Џафери и Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА. На средбата присуствува и белгискиот европратеник Питер Ван Хојт. Не се знае кога ќе заврши средбата и дали ќе претставниците ќе дадат изјави. Според првичните информации, на дневен ред е пречистувањето на избирачкиот список, предлогот за активната регистрација, како и гласањето на дијаспората. Ќе се разгледуваат и изборот на специјалниот јавен обвинител, надлежностите и структурата на ДИК и специјалниот обвинител и низа други прашања предвидени во договорот. Според договореното, до 15 септември треба да бидат утврдени законската рамка и името на човекот кој ќе ја извршува функција специјален обвинител за да може да биде избран во македонскиот парламент.

XS
SM
MD
LG