Достапни линкови

Рускиот суд осуди припадник на Исламската држава


Судот во рускиот град Санкт Петербург затвори припадник на забранетата група на Исламската држава. Регионалниот воен суд денеска утврдил дека рускиот државјанин Гапур Могамедов е виновен за учество во актоивности во организацијата Хизб ут-Тахрир и го осуди на пет години затвор. Истиот суд за истите обвиненија го осуди на пает години затвор и киргистанскиот државјанин Махамадимин Салиев. Хизб ут-Тахрир е сунитска организација со седиште во Лондон, која има за цел да ги обедини сите муслимански земји во исламски калифат. Организацијата вели дека е мирољубива, но рускиот Врховен суд во 2003 година ја означи како терористичка организација.

XS
SM
MD
LG