Достапни линкови

logo-print

Најмалку 12 загинати во експлозија во Банкок


Бомба прикачена за моторцикл експлодираше пред хиндуистички храм во тајландскиот главен град Банкок, при што загинале најмалку 12 лица. Официјалните лица од местото на несреќата соопштија дека околу 20 луѓе биле повредени во експлозијата. Се уште никој не презеде одговорност за нападот во близина на познатото светилиште Ераван, на голема раскрсница во вцентарот на Банкок опкружена со луксузни хотели. Тајландската влада се бори против муслимански бунтовници на југот во главно будистичката земја, но бунтовницте ретко вршат напади надвор од тој дел. Тајландската армија владее во земјата од мај 2014 година, кога беше соборена избраната влада по неколку месеци антивладини протести.

XS
SM
MD
LG