Достапни линкови

logo-print

Загриженост за употребата на хемиско оружје во Ирак


Илустрација.

Илустрација.

Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ) денеска изрази „сериозна загриженост“ за извештаите дека групата на Исламската држава употребила хемиско оружје во Ирак. Организацијата соопшти дека контактирала со ирачката влада и дека „суштински ќе ги разгледа извештаите што ги добила.“ Минатата недела германски претставници рекоа дека курдските борци од групата Пашмерга во северен Ирак, се чини дека на 11 август била нападната со хемиско оружје, бидејќи многумина од нив имале проблеми со дишните патишта. Американски претставник за наводите рекол дека се веродостовјни.

XS
SM
MD
LG