Достапни линкови

logo-print

За три дена издадени над три илјади потврди на мигранти


Во изминативе три дена до Одделението за азил се поднесени шест барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што три барања се од државјани на Сирија и три барања од државјани на Авганистан и четири деца кои го придружуваат родителот. Во истиот период се издадени потврди на мигранти за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил на вкупно 3.694 странски државјани. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија кои поднеле 3529 барања, а потоа следуваат Ирак со 70 барања, Палестина 41, додека другите се во помал број.

XS
SM
MD
LG