Достапни линкови

Неизвесна судбината на иранскиот нуклеарен договор


Иранскиот врховен лидер Ајатола Али Хаменеи.

Иранскиот врховен лидер Ајатола Али Хаменеи.

Иранскиот врховен лидер Ајатола Али Хаменеи денеска изјави дека судбината на историскиот нуклеарен договор постигнат со светските сили, се уште е неизвесенa, додека не го разгледаат пратениците на САД и Иран. Коментарите на Хаменеи, кој го има последниот збор за сите државни прашања во Иран, сугерираат дека тој дава поддршка пратениците да го разгледаат договорот и потоа да гласаат за него. Сепак, според забелешките објавени на неговата официјална веб страница, не може да се каже дали тој лично го поддржува договорот. Хаменеи јавно го нема поддржано или отфрлено договорот, кој предвидува да бидат укинати санкциите против Иран во замена за ограничување на нуклеарната програма на земјата. Но, застапникот на Хаменеи и уредник во дневниот весник Кајхан, Хосеин Шариатмадари, тврди дека Хаменеи се противи на договорот. Во деновиве што следат се очекува иранските пратеници да го разгледаат договорот.

XS
SM
MD
LG