Достапни линкови

На Плaошник интензивно се гради


Од Охридскиот Музеј и завод велат дека до 2018 година целиот проект комплетно ќе биде завршен и дека се почитувале сите препораки на УНЕСКО. Но експертите се уште се загрижени поради неговата реализација.

На Плаошник кај Охрид интензивно се градат објектите кои треба да бидат дел од проектот за возообновување на Свети Климентовиот Универзитет. Директорката на Охридскиот Завод и музеј, Тања Паскали Бунташеска, вели дека поголем дел од објектите во фаза на карабина биле во завршна фаза. Комплетно завршен од вкупно шесте објекти е резиденцијалниот објект. Во завршна фаза се и манастирскиот конак, музејот на Плаошник, центарот за хуманистички науки и Свети Климентовата библиотека и моментално се изведуваат крововите.

Останува уште нешто ситно да се прегради и почнуваме со оформување на фасадниот изглед на објектите. По завршување на археолошките истражувања во делот каде се наоѓа Богословскиот факултет отпочнато е со реализација на првата ламела. Завршени се археолошките истражувања и на втората ламела од Богословскиот факултет и во најскоро време ќе почне со реализација и тој дел од Богословски.
Тања Паскали Бунташеска, директорка на Охридскиот Завод и музеј.

„Останува уште нешто ситно да се прегради и почнуваме со оформување на фасадниот изглед на објектите. По завршување на археолошките истражувања во делот каде се наоѓа Богословскиот факултет отпочнато е со реализација на првата ламела. Завршени се археолошките истражувања и на втората ламела од Богословскиот факултет и во најскоро време ќе почне со реализација и тој дел од Богословски“, рече Бунташеска.

Бунташеска вели дека до 2018 година целиот проект комплетно ќе биде завршен. Таа уверува дека се почитувале сите препораки на УНЕСКО.

Премиерот во посета на Плаошник.
Премиерот во посета на Плаошник.

„Проектите комплетно се преработени и тие се изложени на банерите. Комплетно се почитуваат препораките од УНЕСКО и испратен е извештај до УНЕСКО, испратени се и проектите. Така што, веќе немаме никакви проблеми“, вели Бунташеска.

Јас не верувам дека нешто изгледало така кога Плаошник пред 1.000 години кога Плаошниок или тој предел бил изграден и кој сега така сака да се претстави. Јас мислам дека таму веќе се уништува и нашата историја.
Трајче Талески.

Претставниците на оваа светска организација по нивната посета на Охрид пред повеќе од една година изготвни детален извештај на 200 страни за состојбата со заштитата на природното и културното наследство во овој регион. Во истиот се предупредуваше од евентуално влијание врз околината на одредени активности, како што е проектот за возобновување на Св. Климентовиот универзитет. По посетата на УНЕСКО проектот беше ревидиран и бројот на објекти беше намален од 12 на 6, а беше намалена и катноста на објектите од првично утврденото.

Но експертите се уште се загрижени поради неговата реализација.

„Најверојатно УНЕСКО не претпочита изградба на онакви бетонски столбови и бетонски градби кои што ја надминуваат катноста. Јас не верувам дека нешто изгледало така кога Плаошник пред 1.000 години кога Плаошниок или тој предел бил изграден и кој сега така сака да се претстави. Јас мислам дека таму веќе се уништува и нашата историја. Ние сакаме да го претставиме Плаошник дека така изгледал или некои други објекти, кои се градат во моментот, но тоа не е нашата историја. Еден дел од уништувањето на Охрид е и тој дел“, рече Трајче Талески добар познавач на приликите во градот и вработен во Хидробиолошкиот завод во Охрид.

XS
SM
MD
LG