Достапни линкови

Интензивни артилериски борби кај Мариупол


Во близина на југоисточниот украински град Мариупол изутрина избувнале интензивни артилериски борби меѓу украинските сили и проруските бунтовници. Жителите на градот велат дека станува збор за најжестоки битки во изминативе три месеци. Според некои наводи, во селото Сартана на пет километри од Мариупол имало многу уништени куќи. Мариупол се наоѓа на стратегиски важниот пат меѓу деловите што во источна Украина се под контрола на проруските сепаратисти. Шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер вчера предупреди дека ситуацијата во источна Украина била „експлозивна“ и оти се неопходно итни разговори за спречување на воената ескалација.

XS
SM
MD
LG