Достапни линкови

Ирачкиот премиер укина 11 министерски места


Премиерот на Ирак Хајдар ал Абади укина 11 министерски места во рамките на планот за реформа на владата во борбата против корупцијата, јавија синоќа новинските агенции. Меѓу укинатите места се и оние за човекови права, за правата на жените и за регионални прашања. Тој укина и три потпретседателски места, а четири министерства спои со други. Ирачката влада на 9 август усвои план за реформи по бранот демонстрации во земјата против корупцијата во државниот врв.

XS
SM
MD
LG