Достапни линкови

САД ги повлекуваат ракетите „Патриот“ од Турција


Соединетите држави соопштија дека до крајот на октомври годинава ќе ги повлечат ракетите од типот „Патриот“ распоредени во Турција кон крајот на 2013 година како заштитна мерка од можни напади од соседна Сирија. Станува збор за истекување на двогодишниот договор кој, како што е соопштено, нема да биде продолжен. Ракетите ќе бидат вратени во Соединетите држави, каде што ќе бидат модернизирани. Претходно и Германија најави дека ќе ги повлече нејзините ракети и 250 војници од Турција кон крајот на јануари идната година. Вашингтон неодамна упати први борбени авиони од типот Ф16 во Турција како дел од операциите против милитантите на Исламската држава во Ирак и Сирија.

XS
SM
MD
LG