Достапни линкови

Времето денеска: променливо облачно и нестабилно


Во Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на места со поројни врнежи од дожд и грмежи, особено претпладне во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен југозападен ветер, особено во западните делови каде на моменти ќе достигнува брзина околу 70 километри на час. Температурата ќе се движи од 21 до 34 степени. Во Скопје и околината слично време со температура до 32 степена.

XS
SM
MD
LG