Достапни линкови

Субвенции за странските, трошки за домашните фирми


Премиерот Никола Груевски присуствуваше на почетокот на изградбата на фабрика за автобуси од белгиската компанија „Ван Хол“ .

Премиерот Никола Груевски присуствуваше на почетокот на изградбата на фабрика за автобуси од белгиската компанија „Ван Хол“ .

Странските инвеститори добиваат низа поволности и олеснувања. Неодамна од белгиската фирма Ван Хол рекоа дека од 30 милиони евра инвестиции во земјата, од државата добиле 17 милиони субвенции. Домашните фирми пак добиваат олеснувања ако вработат одредени групи граѓани.

Домашните компании го полнат буџетот, а потоа владата со народни пари ги субвенционира странските фирми да инвестираат во земјата. Надворешните инвеститори добиваат даночни и царински олеснувања, земјиште и инфраструктура по многу поволни услови, како и пари од владата за обука на вработените и изградба на објекти за кои може да добијат до 500 илјади евра. За возврат државата добива вработувања со ниски плати. На тоа плус може да се додадат милиони евра потрошени за роуд шоуа за привлекување на инвеститори, нешто за кое владата и покрај сите инсистирања не признава колку пари троши.

За вработување на лица со посебни потреби или со мерки за вработување на млади или луѓе над 50 години, се нудат и други мерки за проширување, односно за извоз на производите кои се произведуваат во земјата, но има уште многу работи кои треба да им се дозволат, да им се понудат како можност на домашните компании во споредба со тоа што им се нуди на странските.

Можностите кои се нудат за домашните инвеститори се разликуваат од тие кои им се нудат на странските, вели економскиот аналитичар Арбен Халили. Тие може да искористат бенефиции и олеснувања кои им се нудат од страна на државата за вработувања на одредени групи граѓани.

„За вработување на лица со посебни потреби или со мерки за вработување на млади или луѓе над 50 години, се нудат и други мерки за проширување, односно за извоз на производите кои се произведуваат во земјата, но има уште многу работи кои треба да им се дозволат, да им се понудат како можност на домашните компании во споредба со тоа што им се нуди на странските“, вели Халили.

Тој дополнува дека и домашните компании може да градат во слободните економски зони и да ги добиваат бенефициите, но претходно треба да исполнат одредени услови кои не важат за странските инвеститори.

Дека државата нема различни аршини кон бизнис единките, се обидуваа да објаснат дека кинеската фирма што треба да отвори 5.000 работни места за текстил нема да ги конкурира домашните текстилни компании и слични трици во изобилство коишто ги сервира оваа власт кај лаичката јавност. А онаа што подразбира е целата исплашена и не може да реагира.“

„Треба или во рамките на постоечкиот капацитет да основаат нов производ, второ да извезува надвор од земјата како што треба да извезуваат и странските инвеститори, минимум 80 отсто од своето производство.“

Неодамна првиот човек на фабриката за автобуси Ван Хол, Филип Ван Хол, во интервју за белгискиот магазин Тренд, рече дека неговата компанија која бележела загуби во Белгија, морала да се спасува преку инвестицијата во Македонија. Во интервјуто тој вели дека од 30 милиони евра инвестиција во нашата земја, 17 милиони всушност биле субвенции од Владата. Потоа вицепремиерот Владимир Пешевски запрашан за коментар на тврдењето на Ван Хол, рече дека Владата нема точна бројка колку субвенции досега им се дадени на странските инвеститори.

Со измените во законот за ДДВ се предвидува на компаниите од слободните зони да може да продаваат и на македонскиот пазар.

Поранешниот гувернер на Народната банка, Петар Гошев вели дека кога власта ги инсталирала индустриско-технолошките зони ја убедувала домашната бизнис заедница дека не се врши нелојална конкуренција.

„Дека државата нема различни аршини кон бизнис единките, се обидуваа да објаснат дека кинеската фирма што треба да отвори 5.000 работни места за текстил нема да ги конкурира домашните текстилни компании и слични трици во изобилство коишто ги сервира оваа власт кај лаичката јавност. А онаа што подразбира е целата исплашена и не може да реагира.“

Слободните зони, вели Гошев, и без новите решенија во Законот за ДДВ, има двоен аршин, односно нееднаков однос на власта кон домашните и кон странските инвеститори.

„Тоа е озаконување на нелојална конкуренција“, вели Гошев.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG