Достапни линкови

Во Пакистан убиени министер и уште 11 други луѓе


Министерот за внатрешни работи на провинцијата Пенџаб во Пакистан е убиен во експлозија на бомбаш самоубиец пред дворот на министерот. Тој во моментот на експлозијата имал состанок со локалните жители. Во експлозијата загинале уште најмалку 11 други луѓе, меѓу кои и еден полицаец. Властите велат дека во моментот на нападот во зградата имало најмалку 20 луѓе. Екстремистичката група Лашкар-е-Ислам поврзана на талибанците, ја презеде одговорноста за нападот и вети дека ќе извршуваат слични бомбашки напади понатаму. Но властите велат дека групата не вршела вакви напади во минатото и можно е да се искористува нивното име од други забранети групи.

XS
SM
MD
LG