Достапни линкови

Пронајдени остатоци од индонезискиот авион


Официјален претставник на Министерството за транспорт на Индонезија изјави дека селани во источниот дел на Папуа, пријавиле дека пронашле остатоци од срушениот патнички авион кој носеше 54 луѓе, а претходно денеска беше пријавен за исчезнат.

„Авионот е пронајден. Според жителите авионот се урнал во планините. Верификација се уште е во процес", вели директорот на воздушниот транспорт при Министерството за транспорт на Индонезија. Властите претходно соопштија дека изгубиле контакт со патнички авион кој припаѓал на локалниот авиопревозник Тригана. Службите изгубиле контакт со авионот набргу по неговото полетување од главниот град на Папуа. Во авионот имало 44 возрасни патници, пет деца и бебиња, и пет членови на екипажот.

XS
SM
MD
LG