Достапни линкови

СДСМ обвинува дека се одгледува забранетиот тутун „вирџинија“


Илустрација.

Илустрација.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија обвинува дека во атарот на село Могила, во Пелагонија и оваа година се одгледува крупнолисен тутун од типот „вирџинија“, забранет во Република Македонија, соопштуваат од СДСМ.

Цената на овој нелегален тутун од килограм, се додава во соопштението, се движи и до 10 евра на светските пазари, додека цената на легалниот тип ориентален тутун којшто го произведуваат нашите тутунари изнесува од 2 до 3 евра за килограм.

„Приносот од производство на нелегалниот тутун „вирџинија“ изнесува 2 тони на хектар. Со тоа од 100 хектари се добиваат 200.000 килограми. Така, добивката од ова незаконско одгледување на тутун изнесува 2 милиони евра, се наведува во соопштението.

СДСМ бара Министерството за земјоделство и Инспекторатот да преземат мерки за итно спречување на овие дејствија.

МВР ќе ги испита наводите на СДСМ за нелегално производство и продажба на тутун од типот „вирџинија“, стои во соопштението од МВР во врска со обвинувањето од СДСМ.

XS
SM
MD
LG