Достапни линкови

Десетици цивили загинале во Сирија


Десетици лица се убиени во воздушни напади од страна на сириските владини сили на пазар во близина на Дамаск.Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон соопшти дека најмалку 58 лица загинале, а 200 се повредени во денешните воздушни напади во градот Доума кој е во рацете на бунтовниците. Од Опсерваторијата велат дека владините сили извршиле четири воздушни напади врз пазарот и дека „повеќето од загинатите се цивили“. Претходно овој месец Амнести интернешнал ја обвини Владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад за воени злосторства поради блокадата и воздушните напади на регионот околу Доума.

XS
SM
MD
LG