Достапни линкови

Ситуацијата во источниот дел на Украина е „експлозивна“


Ситуацијата во источниот дел на Украина е „експлозивна“, вели министерот за надворешни работи на Германија Франк Валтер Штајнмаер. Тој вели декаитно мора да се одржат разговори за да се спречи нова воена ескалација. Франк Валтер Штајнмаер ова го изјави во интервјуто за неделното издание на „Билд“. Тој вели дека претставниците на Киев и на сепаратистите во источна Украина поддржани од Русија треба веднаш да се состанат со претставници на ОБСЕ и да разговараат за намалување на тензиите. Договорот за примирје потпишан во Минск во февруари го намали малку насилството, но и двете страни тврдат дека тоа дневно се прекршува.Околу 3.400 луѓе се убиени од насилството кое изби минатата година.

XS
SM
MD
LG