Достапни линкови

Серија напади во Багдад, најмалку 22 жртви


Најмалку 22 луѓе се убиени во ирачкиот главен град Багдад. Од нив 13 загинале во претежно шиитскиот кварт Хабибија во близина на Садр Сити на пазар за возила. А на други места во и околу главниот град во серија бомбашки напади загинале најмалку девет други луѓе. Ниту една група не ја презеде одговорноста за нападите, но Исламска држава неодамна започна серија бомбашки напади насочени кон шиити во Багдад и други провинции. На 13 август, најмалку 62 лица загинаа во истата област кога камион-бомба експлодираше на преполн пазар за храна. Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот.

XS
SM
MD
LG