Достапни линкови

Иран даде информации на ОН за нуклеарни активности


Властите во Иран дале информации за своето нуклеарно минато на надзорно тело на ОН за нуклеарна програма, што претставува чекор напред во исполнување на условот за олеснување на санкциите, според договорот постигнат со светските сили минатиот месец.

Во прилог на нуклеарниот договор од 14 јули, кој на Иран му нуди ослободување од санкциите во замена за намалување на неговата нуклеарна програма, Иран, исто така, потпиша договор со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) да го реши прашањето за евентуалната воена димензија на своите претходни нуклеарни активности.

Од Меѓународната атомска агенција соопштија дека Иран обезбедил објаснувања во писмена форма и други документи.

XS
SM
MD
LG