Достапни линкови

logo-print

Временска прогноза - Топло, попладне дожд


Претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Доцна попладне и во текот на ноќта се очекува нестабилност со локален пороен дожд и грмежи. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилни врнежи од дожд, електрични празнења и повремено засилен северен ветер, локално во форма на невреме со појава на град.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 20, а дневната од 29 до 36 степени. УВ индексот ќе биде седум.

Во Скопје слично време, а кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе достигне до 35 степени.

XS
SM
MD
LG