Достапни линкови

Груевски: Владата е во постојана комуникација со граѓаните


Од првиот ден на моето работење сум во постојан контакт со граѓаните. Постојано сум и на терен, нормално и во канцеларија и на состаноци и на патувања, меѓутоа клучното и основното е да го чувствувате теренот, да ги чувствувате потребите на граѓаните, нивните проблеми, да се врши контрола на тоа што е зацртано, да се работи и тоа што е ветено.

Ова е одговорот на премиерот Никола Груевски на барање на новинарите за коментар во врска со неговото постојано присуство на терен меѓу граѓаните, што, според некои, е предизборна кампања.

Ако претседателот на Владата не е постојано на терен, тоа не е добро, нагласи Груевски, додавајќи оти ако не е постојано на терен може да се забави работењето на одредени институции, да сезагуби контактот со граѓаните и со нивните проблеми.

Груевски денеска беше во обиколка на неколку места во општините Петровец и Илинден.

XS
SM
MD
LG