Достапни линкови

Пропадна прекинот на огнот во Сирија


Продолжува гранатирањето во две сириски села кои се во рацете на владините сили и во град во близина на Дамаск кој е во рацете на бунтовниците, откако пропадна договорот за прекин на огнот. Денеска продолжува насилството и покрај разговорите меѓу армијата и исламистичките бунтовници за продолжување на примирјето и за склучување на конечен договор за запирање на борбите. Државната телевизија соопшти дека загинале татко и неговото дете, а други 12 лица биле повредени во „терористичките бомбардирања“ на селата кои се под владините сили во северо-западниот дел на провинција Идлиб.

Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон соопшти дека најмалку 200 ракети биле истрелани во шиитски села од утрото. Владините сили пак бомбардирале во Забадани, едно од последните упоришта на бунтовниците во близина на границата на Сирија со Либан.

XS
SM
MD
LG